Игор за љубовта кон Илина: Еј животе француски предлогу…

Шоуменот Игор Џамбазов преку социјалните мрежи ги отвора своите емоции за својата Илина со која се во врска.

Тој на социјалните мрежи раскажува како се чувствува за жената која го освоила Монт Еверест.

Ден по роденденската прослава, Илина повторно го спакува куферот и се подготвила за нејзината следна авантура. Алпинистката се фотографирала со својот нов црвен куфер, а Игор на својот инстаграм – профил откри кој и го подарил.

„За роденденот и купив куфер. Куфер. Тоа е она со кое патуваш. Утредента си замина со истиот тој куфер. Па се купува ли куфер, Џамбазов, говедо едно непрокопсано… Сам сум се убивал. Еј животе, француски предлогу“ – напиша Игор во описот на фотографијата, а притоа сподели колку му недостасува кога се буди сам.

„Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла… Е тоа е љубов“, напиша актерот.

Повеќе детали на овој линк