И ќерката на екс шефот на МАНУ во новото раководство на СДСМ

Во новиот Централен Одбор на СДСМ ќе се најде и ќерката на професорот и екс шеф на МАНУ, академик Таки Фити, Нина Фити-Неделковска.

Фити е на листата на советници на премиерот Заев како една од најплатените надворешни соработници за што добива по 50.000 денари месечно.

Познатата екс ракометарка Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластична хирургија Софија Пејкова… се дел од другите новите имиња на кандидати за членови на Централниот одбор на СДСМ, според информации на „360 степени“.

Тие ќе бидат избрани на функциите на 26-тиот партиски конгрес кој е во тек, откако се нашле на предлог-листата што ја поднесоа партискиот лидер Зоран Заев и досегашниот состав на Централниот и на Извршниот одбор.

Меѓу новите имиња, како што дознава „360 степени“ се и д-р. Ана Данева Марков, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски…

Конгресот треба да изгласа и нови промени на партискиот Статут, така што се зголемува бројот на членови на ЦО – од 100 до 120 на од 110 до 130 члена. На таков начин, според објаснувањето, во иднина во ЦО би можеле да се кооптираат и други членови, покрај 120 што ќе бидат избрани денеска. Една од причините за тоа, како што велат од партијата, е тоа што во изминатиот период се формирани повеќе нови општински организации – во Липково, Желино, Студеничани, Центар Жупа…, пренесува Инфомакс.