Првиот вицепремиер Артан Груби, на партиската трибина во Чегране синоќа, потсети што ДУИ како владејачка направила за подобар живот на граѓаните..

„Од септември 2020 година броиме нови успеси, како што е отворањето на преговорите со Европската Унија, од вкупниот број одобренија за вработување 41,5 отсто се Албанци“ рече груби на средбата со граѓаните под мотото „Заедно за Европа“.

Го започнавме претседателството на ОСБЕ – продолжи Груби – го изградивме основното училиште во Блаце и Визбегово, азбуката ја ставивме во употреба унифицирана, ги решаваме сите пречки за да започне изградбата на Коридорот 8. напоменувајќи дека тоа е дел од отчетот на ДУИ за она што зжго сработиле како продолжение на мисијата од 2002 година. .

„Со нашите колеги си поставивме цел, почнавме со работа за да ги унапредиме процесите и да ги исполниме работните места кои не се придвижиле напред со децении“, напиша Груби во објава на Фејсбук.

Не заборави да го спомене „успешното управуваме со енергијата криза без никаков ден рестрикција на струја, ги покачуваме платите и ниту една донесена одлука не дозволивме да биде дискриминаторска“, вели вицепремиерот.