Грчева: А што очекуваа од Ескобар? Како да нè нарече по договорот од Преспа, според кој сè македонско го присвои Грција?

За поранешната пратеничка и лидер на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, „безобразлук и глупост“ е подведувањето на Македонците под „православни“ од заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, а објаснувањето за неговата изјава го бара во Преспанскиот договор.

„А што очекуваа луѓево од Ескобар? Како да нè нарече после договорот од Преспа? Според тој договор, на секој медиокритет треба да му е јасно дека сè што е македонско, Грција го присвои. Секоја можна идентитетска одредница. Затоа со денови протестиравме, ама некои сега тазе разбудени, тогаш преспаа сè.

И сега станавме ‘православни’, што е безобразлук и глупост во најмала рака. Но, кога им укажувавме на ‘нашиве’ и им укажуваме за погубноста на договорот, се прават недоветни (какви што, впрочем, се).

Следниот пат ќе нè нарече Балканци, во најдобар случај. И пак ќе бараме ‘извинувања’. Што од нив?

А бе договорот по Вардар, само тоа е чаре!!!“, реагира Грчева на Фејсбук.