Глупаци и будалетинки – Адвокат за лудиот чекор на СДСМ, ДУИ и АА да урнат закон со владина одлука

Глупаци од Влада! Со одлука не смеете да менувате закон ама можете да донесете ваква одлука.
Ало будалетинкииии, им пишува адвокатот Александар Тортевски на премиерот Ковачевски и членовите на владата кои со владина одлука сакаат да поништат закон.

,,Со години се тегневте да донесете Закон за недела неработен ден. СО ОДЛУКА НЕ МОЖЕТЕ ДА МЕНУВАТЕ ЗАКОН. СИТЕ ЛИ СТЕ СО КУПЕНИ ДИПЛОМИ”, прашува адвокатот по незаконското и неуставно однесување на владата.

Предходно Владата донесе вонредна препорака продавниците, кои инаку законски не смеат да работат за време на празници, да може да работат на 1, 7 и 8 јануари, односно за време на празниците Нова Година, Бадник и Божиќ.

„За време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, ќе може да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, на предлог на Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.

Исто така, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата“, објави Крешник Бектеши, министерот за економија.