„Показна вежба“ од машката шаховска репрезентација на Македонија до 12 години за претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, како може да се настапи на меѓународната сцена со опрема без омразената додавка „Северна“ на државното име Македонија.

На Европското екипно првенство во романскиот град Јаши македонските шаховски надежи, предводени од интернационалниот мајстор Орце Данчевски, носеа маички со натпис MKD chess team заедно со државното знаме и никој не им направи проблем за тоа.

Елегантно решение, дури и според Преспанскиот договор, кој не го засега и понатаму важечкиот меѓународен код МКД за македонската држава.

Откако е Антиќ на чело на МКФ, пак, македонските кошаркарски селекции во сите категории носат дресови со географската одредница за која не гласаа две третини македонски избирачи на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.

Ниту еден друг македонски национален тим во ниту еден спорт не се бламира со „северничење“.