Бивш соработник на Еди Рама непожелен во САД

Стејт департментот на САД согласно американските закони (Section 7031(c) of the FY 2017 Consolidated Appropriations Act) јавно го прогласи албанскиот пратеник Том Доши за непожелен во Америка.

Причината е негово учество во значителна корупција, а заедно со него во САД не можат за влезат ни неговата сопруга Џована Доши и полнолетните деца Бриана и Џејмс Доши, како и нивните малолетни деца.

Том Доши е поранешен член на Социјалистичката партија на Еди Рама.

Во 2015 година Доши ги обвини своите сопартијци дека сакале да го убијат, но Обвинителството не најде докази за тоа.

Пред два месеца забрана за влез во САД доби и јавниот обвинител Адријан Љаља, исто така поради сомнежи за корупција.