Две години откако Димитров ја овековечи лажната вест за средбата Трамп – Заев (ВИДЕО)

Деновиве изминуваат две години од една од најголемите лажни вести на тимот за комуникации на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во септември 2017 година неговиот кабинет објави дека Заев имал средба со американскиот претседател Трам на маргините на генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тогаш македонскиот премиер Зоран Заев преку својот Фејсбук профил соопшти дека во Њујорк во седиштето на Обединетите нации имал блиц средба со американскиот претседател Доналд Трамп при што тие не само што се поздравиле пред почетокот на работните сесии туку и дека имале краток разговор.

„Во Њујорк сум за Генералното собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен почеток на реформите на организацијата на ОН“, напиша тогаш Заев.

Подоцна се испостави дека воопшто не се работи за средба туку за поздравување долго 2 секунди при минување на Трамп низ пленарната сала на ОН кога само си подава рака со неколку гости меѓу нив и Зоран Заев.

Владата никогаш не објасни како Заев за две секунди успеал да му го каже сето тоа што го напиша на Фејсбук.

Фотографот што тогаш го овековечи поздравувањето кое подоцна прерасна во лажна вест со цел да прикаже дека Заев има добри односи со Трамп, беше министерот Никола Димитров.

Тој никогаш не објасни зошто ја злоупотребил дозволата за влез во зградата на ОН со цел да прави пропаганда за неговиот шеф.

Надвор од сите дипломатски правила и надвор од протоколите на ОН е шеф на дипломатија да го слика својот премиер и да учествува во креирање лажни вести.

Македонската јавност за лажната вест дозна од видео објавено од кинеска телевизија неколку дена по настанот.

Што објавија тогаш медиумите кои беа излажани од Заев и “фотографот” Димитров.

https://m.mkd.mk/makedonija/politika/kusa-sredba-na-zaev-so-tramp