Двајца министри на Ковачевски завчера на иста маса со Заев (ФОТО)

Двајца важни министри во владата на премиерот Ковачевски завчера седеле на иста маса со екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Средбата се случила на настанот на кој Македонскиот олимписки комитет му даде скандалозна награда на Заев за непостоечка активност.

На масата според протоколот за кој биле информирани сите гости а кои го прифатиле и двајцата министри седеле Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета.

Симптоматично е што на настанот не бил ниту еден друг министер од владата на Ковачевски па дури ниту директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Оливер Спасовски и Славјанка Петровска кои важат за блиски соработници од времето кога министерката му беше шефица на кабинет на мкнистерот не важат за вљубеници во спортот ниту за спортисти и затоа е чудно зошто се појавиле на иста маса со Заев иако знаат дека во тек е ,,војна” меѓу него и премиерот Ковачевски.

Заев и Спасовски се меѓу главните ликови во сторијата за пресметката во СДСМ во која има битка меѓу две крила.

Засега никој не открива кои актуелни министри се во крилото на Заев.

Плусинфо со нови детали за пеколниот план на Заев за пресметка со Ковачевски