Дури и Русковска на Заев не му верува

Шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција Вилма Русковска не му верува на премиерот Заев кој тврди дека се е чисто во тендерите на Драги Рашковски.

Таа денеска во рамки на истражната постапка за Рашковски наспроти увереноста на премиерот ја одземала документацијата на еден од најблиските соработници на Заев кој исто како и него е со струмичко потекло.

Запрашан дали ќе побара оставка од Рашковски, кој сега е секретар задолжен за мониторинг на реализацијата на владината програма и стратегиските проекти, премиерот Заев вчера рече дека не треба да биде обвинуван секој што патентирал систем и го отстапил бесплатно на користење на својата земја.

Предходно Рашковски тврдеше дека нема никаква поврзаност или корелација меѓу неговите патентирани идеи и набавениот софтвер.

Премиерот, изјави дека очекува надлежните да го проверат случајот, но нагласи дека лично ја проверил постапката.

„Очекувам било која од надлежните институции да направи проверка, како ДКСК, соодветното обвинителство, прочитав дека едно од јавните обвинителства упатува до МВР да направи истрага, слободно нека направат истрага, затоа што лично јас проверив, постапката е целосно законито направена и набавен е софтвер по пат на конкуренција, каде од 8 милиони предвидени во буџетот се потрошени 5 милиони денари за набавка на таков софтвер кој има мултифункицонална примена и стои на располагање. Апелирам секоја надлежна институција, којашто постои во државата за проверка на законитоста на постапката да направи конкретно проверка и да достави извештај. Јас, како претседател на Владата којшто го има именувано за еден од секретарите во мојот кабинет, ќе постапам директно доколку има какво било прекршување на законот“, рече Заев.

Според истрагата Русковска од целата изјава на Заев разбрала само дека треба да се провери законитоста.

Во тврдењата на Заев дека се е чисто со Рашковски веќе не верува ниту Русковска.