ДУИ нема да бара промена на Уставот за правата на Албанците

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, тврди дека Демократска унија за интеграција (ДУИ) нема да го отвора албанското прашање за време на процедурата за промена на Уставот.

Во емисијата „Отворено“ на 1ТВ со Александар Чомовски, Груби вели дека влезот во ЕУ и НАТО е врвен приоритет и ДУИ нема да ризикува да го наруши процесот со други барања.

ДУИ е свесна за политичката штета што може да ја има од овој потег во албанскиот блок, каде што БЕСА на Касами и Алијансата на Села веќе најавија дека ќе постават вакви барања, но, сепак, се решени да не бараат посебни права за Албанците во Уставот.

Настапот на Груби, кој дебатираше со новинарот Горан Момироски, на видеото на 1ТВ.