Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција информираше дека досега се самопопишале 60.000 лица од дијаспората, најмногу во Швајцарија, околу 16.000, а тоа е една четвртина од очекуваната бројка.

Потоа следуваат Германија со околу 10 илјади и Италија со шест илјади попишани лица. Послаби се резултатите во Канада и во Австралија.

Попишувањето на дијаспората ќе трае се до 22 април.

Османи рече дека како одговорно Министерство преземаат дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес.