(ДОКУМЕНТ) Што пишува во CV-то на директорката на Телеком од ДУИ и член на УЧК што се закани со војна

Ниту една квалификација која го оправдува членството во одборот на директори на Македонски Телеком не може да се најде во ЦВ или биографијата на Шкодране Дардишта, екс членот на УЧК која вчера се закани со нова војна и ги запали социјалните мрежи.

Во нејзината биографија објавена од страна на Македонски Телеком стојат повеќе нецелосни и несоодветни податоци за нејзината кариера но нема ниту една конекција која може да биде оправдување за нејзиното членство во одборот на директори во Телекомот.

Во биографијата пишува дека е магистрант а во исто време пишува и дека веќе докторирала и тоа во Белград.

Според македонските закони не е можно да сте се уште магистрант а да сте докторирале.

Во документот кој е јавно објавен таа не кажува каде магистрира и каде точно докторирала.

Меѓу другите квалификации Дардишта во својата биографија напишала дека е носител на црн појас во карате што е голем срам и за неа но и за Македонски телеком кој секој месец и дава огромен надоместок за членството во одборот на директори.

Документот на Телеком во кој може да се најде биографијата на Дардишта на овој линк:

https://www.telekom.mk/15-12-dokumenti-materijali-i-predlozeni-odluki-za-sednicata-na-sobranie.nspx

Како вчера екс членот на УЧК се закани со нов конфликт откако беше објавено дека ДУИ заминува во опозиција со што и таа самата ќе ја загуби својата работа и огромна плата во Телеком.

Директорка на ДУИ и бивш член на УЧК се заканува: Не играјте со оган, ние сме никнале во војна