До Солун и Белград пак со воз

Македонски железници од 15 јуни повторно го воведуваат експресниите возови од Скопје до Белград и до Солун. Возот кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот.

Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правци по патник. Железничките билети можат да се набават на меѓународната билетара на станицата во Скопје, како и во другите поголеми железнички станици до Гевгелија по кои се движи возот.

Во истиот период, возот за Белград ќе поаѓа секојдневно во 22:19 часот.

Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари (27,6 евра).

Извор: Мета