Шефот на македонскта дипломати утре во Софија ќе разговара околу прашањето за Гоце Делчев и, поврзано со тоа, бугарските закани дека ќе го блокираат процесот за добивање датум во ЕУ.

„Јас сум убеден дека ќе најдеме начин низ почит кон другиот и пријателство да не ги загрозиме овие важни цели. Убеден сум дека македонскиот успех во смисла на европската интеграција е многу важен и за соседна и пријателска Бугарија и ќе најдеме начин тие не само да не бидат пречка, туку да бидат и промотор како што впрочем беа и минатата година во Советот за општи работи и неодамна на последниот што се одржа во Луксембург“, вели Димитров кој во Софија ќе учествува на конференцијата на Црноморската иницијатива.

На конференцијата утре се очекува да присуствува и шефицата на бугарската дипломатија Захариева, која всушност и прва ја започна бурата реакции откако изјави дека за Бугарија е неприфатлив предлогот на македонската страна – Гоце Делчев заеднички да се чествува на 7ми октомври , денот кога во 1946 година Бугарија и ги предате посмртните останки на Македонија, пишува 1ТВ.