Димитров: Нападот на „Борис трети“ во Охрид – брутален акт на омраза

За шефот на бугарскиот тим во заедничката историска комисија, Ангел Димитров вчерашниот напад со огнено оружје врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид е – брутален акт на омраза.

Пред почетокот на денешната средба на Комисијата во македонското МНР, Димитров пред медиумите изјави дека инцидентот не треба да се коментира и дека инцидентите влијаат на билатералните односи на двете држави, а не на работата на комисијата.

Бугарското МНР денеска ќе ја повика македонсктѕа амбасадорка во Софија во врска со вчерашниот инцидент.

За работата на Мешовитата комисњија рече дека „немало напредок, а дали ќе има денеска, „ќе видиме“.