Димитриевски: Однесувањето на Пауновски е разбирливо

Во однос на случајот со директорот на ДПИ Стојко Пауновски, градоначалникот Димитриевски рече дека апсолутно го поддржува во делот на неговите ставови и на истиот начин би постапил доколку се нашол на негова позиција и во такви услови да работи. 

„Доколку имавме можност ставовите коишто се носат или диктираат претходно да ги изградиме заедно на одредени форуми тогаш сигурно дека заедно ќе ги застапувавме и реализиравме.

Но, кога се носат вакви ад-хок решенија за мене однесувањето сосема е разбирливо“, вели Димитриевски во гостување на „Утрински брифинг“.

Димитриевски вели дека сигурно ќе се нкандидира за уште еден градоначалнички мандат.

„Планирам да победам на локалните избори и повеќе од сигурен сум дека ќе победам, бидејќи луѓето ја препознаваат мојата работа. Сакам да ја преземам и довршам улогата на некој вид на „хаусмајстор“ на градот“, истакна тој.