Декларацијата за Гоце Делчев е враќање назад, смета пратеничката Лазаревска од СДСМ

Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ на предложената декларација за Гоце Делчев од ВМРО-ДПМНЕ во екот на натегањето со Бугарија за припадноста на револуционерот гледа како на чекор назад, а не напред.

„Ми пречи што со декларација сакаме да се враќаме назад. Во однос на она што ние веќе го имаме за Гоце во нашата химна, во именувањето улици, училишта, во неговото празнување, почитта кон него, таа декларација навистина значи враќање назад, а не чекор напред“, објасни Лазаревска.