Цуцуловски за бугарската ,,арлекинијада”: Не можеа око да склопат од македонските територијални претензии

Професорот Љубомир Цуцуловски како ,,АРЛЕКИНИЈАДА” ја оценува бугарската позиција околку наводниот страв дека Македонија може да одземе територии од западниот сосед.

Според Бугарија македонското прифаќање на двете имиња Република Северна Македонија и Северна Македонија во ОН било олеснување на Софија.

,,Бугарија досега сон не ја фаќало, ниту око можела да склопи, стравувајќи дека Македонија има територијални претензии кон неа, што може да се оствари еинствено преку војна. Откако сега, после посетата на премиерот Кирил Петков, добила гаранции дека такво нешто нема да се случи, сега е спокојна – така, отприлика, изјавија повеќето бугарски политичари. Кога не би било арлекински смешно, би било арлекински тажно”, смета професорот Цуцуловски.

Во исто време, Цуцуловски го коментира и ставот на претседателот Стево Пендаровски кој изјави дека суверено право на Македонија е дали во Уставот ќе ги нема Бугарите, како што нејзино право е дали ќе ги има.

,,Aко ова право го имаме (Бугарите да се стават во Уставот), тогаш зошто ова право да не се искористи, бидејќи Стево&Co се навикнаа на голема љубов кон соседите, проследена со невидено апсурдни отстапки, може да се очекува Уставот повторно да се отвори и во него да се вметнат Бугарите. „Кога љубиш, љуби!“ – е самодеструктивниот принцип на македонските политичари. За државниците и да не говорам”, пишува во свој стил Цуцуловски.