Царовска до родителите и учениците: Со дигитализација нема постојано гледање во компјутер (ВИДЕО)

Министерката Мила Царовска на емисија Анализа на ТВ24 тврди дека “Дигиталната употреба на учебници не значи постојано гледање во таблетот или лап топот туку интерактивна настава како и настава со работа во групи”.

“Дигиталните уреди учениците ќе ги користат за истражување на одредена информација, а потоа и дискусија за истата. Наставниот час нема повеќе да биде монолог на наставникот туку отворена дискусија со искажување на сопствени ставови од страна на учениците”, вели Царовска по реакциите од јавноста на нејзината идеја за укинување на печатените учебници.

Во меѓувреме родители, наставници и ученици се подготвуваат за бојкот на наставата и протести.

Огромен број од македонските ученици немаат интернет, компјутери, софтвер и услови за дигитализацијата за која се залага Царовска.

Линк до видеото

https://www.facebook.com/watch/?v=265852981939890