Бугарскиот министер за внатрешни работи знаел дека во Охрид се тепале нарко-дилери но не спречил антимакедонска хистерија

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демирџиев знаел дека лицето Христијан Пендиков кое беше претепано во Охрид бил трговец со дрога и дека не бил тепан затоа што е Бугарин но не успеал да ја спречи хистеријата во Бугарија за случајот.

Од лица во врвот на МВР во Скопје со кои имал добра лична комуникација Демирџиев добил детални информации дека во Охрид се тепале нарко-дилери и во таа пресмета настрадал секретарот на бугарскиот неонацистички клуб Цар Борис Трети.

Извори во владата во Софија кои сметаат дека бугарската техничка влада претерува со повлекување на амбасадорот Ангелов од Скопје и замрзнување на евроинтеграциите на Македонија велат дека Демирџиев не успеал да спречи радикализација на односите.

Откако добил проверени информации и од бугарските служби дека Пендиков е нарко дилер кој не е тепан за тоа што е Бугарин Демирџиев се обидел да ја убеди владата да не ја крева тензијата со Скопје по повод тепањето на секретарот на бугарскиот клуб.

Тој го информирал и премиерот Галаб Донев и кабинетот на претседателот Радев дека не се работи за напад врз Бугарин туку за дилерска пресметка но бугарскиот државен врв донесол политичка одлука да се оди со тезата дека во Македонија се врши тортура на Бугари и за тоа Македонија мора да одговора.

Која е позадината на ваквата радикална политика на Софија засега не им е познато и на голем дел од членовите на бугарската влада, тврдат добро информирани извори во Софија за expres.mk.

Одлуката за радикализација на односите со Скопје е донесена од премиерот Галаб Донев, министерот за надворешни работи Николај Милков и кабинетот на претседателот Радев тврдат изворите кои не можат да кажат дали за најновиот напад врз Македонија имало консултации со САД, ЕУ или членки на ЕУ.