БРАКО се надева дека ќе биде прва македонска фирма која ќе успее да добие тендер за снабдување на НАТО војската, откако Алијансата ја регистрираше велешката фабрика како потенцијален снабдувач за своите потреби.

БРАКО, за војниците и базите на  НАТО, ќе понуди контејнерски системи за кампови и полски болници, медицинска опрема, возила за чистење на воените бази, приколки за транспорт и различни видови на безбедносна жица.

Македонија не може да конкурира во светската воената индустрија на оружје, но секако може да биде испорачател на текстилни производи, униформи, храна, кондиторски производи, како и производи од металопреработувачката индустрија по примерот на БРАКО“, велат од Алијансата.

Тоа е начинот како, покрај безбедноста што ја доби со членството во НАТО, Македонија да има и економска придобивка од тоа, која ја заслужува по компромисите кои беа направени за зачленувањето.