Бомба фрлена на тераса од куќа во Куманово

Дваесет и шестгодишниот М.Ц. од Куманово утрово пријавил дека била фрлена бомба кашикара на терасата од неговата куќа која, додека спиел, експлодирала.

Од експлозијата било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот, јави ТВ21.

Од експлозијата нема повредени, а МВР врши увид.