Австриските пожарникари користат дронови, каде се македонските безпилотни летала

Од почетокот на кризата со пожарите во Македонија јавноста не слушна дека македонските институции користат дронови за идентификација и мониторинг на пожарите во земјава.

Затоа беспилотни летала со инфрацрвена камера користи австрискиот тим кој се состои од стотина луѓе а кој дојде да помогне при гасење пожари во Македонија.

Податоците од дронот ги анализира посебна екипа во штабот на австрискиот тим по што операциите се планираат и имплементираат согласно тоа што доаѓа како информација од беспилотното летало.

“Со помош на употреба на дронови и направени воздушни фотографии, менаџерите не само што очекуваат подобра слика за целокупната ситуација, туку и можност за краткорочно следење и заштита на тимот и опремата, особено во опасни ситуации.

Во меѓувреме, веќе има над 100 членови на противпожарната бригада на Стирија, кои се директно (на лице место во Македонија) или индиректно (во државниот менаџмент, во областа на транспортот, логистиката, организацијата итн.) Активни или вклучени во оваа меѓународна мисија за помош во рамките на механизмот на Унијата”, стои во информацијата од автриските власти за операцијата во Македонија.

Досега од нејасни причини макеоснските власти не објавија дека користат податоци од дронови.

Последниот дрон кој беше споменат во јавноста беше тој на невенчаниот сопруг на министерката Царовска која доби тендер за набљудување на шумите над Скопје.