Андовска за „православни“ место Македонци: Бетон идентитетот. Армиран. Останува само да ни го фрлат врз глава

Дарија Андовска, декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, го коментира подведувањето на Македонците под „православни“, наспроти именувањето на Албанците како Албанци од заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

„Уште да решиме дали на егзархијата или на патријаршијата припаѓаме – векови назад нè вратија.

Бетон идентитетот. Армиран.

Останува само да ни го фрлат врз глава“, вели Андовска на Фејсбук.