Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отворило предмет против директорот на ЕСМ во оставка Васко Ковачевски. Станува збор за сомнителен тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола, дознава Алсат.

Предметот бил отворен во 2020 година, но сè уште е во предистражна постапка. Останати информации засега обвинителите не сакаа да ни дадат за да не се нарушел истражниот процес.

Во телефонски разговор за Алсат, Васко Ковачевски тврди дека неговата оставка од директорската позиција не била поради оваа истрага. Вели дека ја завршил својата работа во однос на менаџирање на енергетската криза, а неговиот мандат како директор и онака истекувал на 20 јули оваа година.

„Јас веќе дадов изјава во Обвинителството дека нема никаква вистина во предметот за ископ на јаловина во РЕК Битола“, рекол Ковачевски за Алсат.