Ако примате пари од “Вујче од Америка” сте сомнителен за УЈП

Консултантот Горан Рафајловски за Сител изјави дека со новите законски измени со кој Управата за јавни приходи ќе може кога сака да ги проверува банкарските сметки на граѓаните, тие ќе бидат „сомнителни“.

Сите трансфери на пати во државата за граѓанитд односно при секое примање на подарок во девизи од страна на нивни роднини што работат и живеат во развиените земји во странство, ќе бидат проверувани и контролирани.

– Примањето на пари од роднини од странство се семта за подарок и тоа не подлежи на даночниот систем. Но, откако ќе се воведат најавените измени, граѓаните ќе мора да објаснуваат од каде им се тие пари кога УЈП непречено ќе ги проверува. Тоа е цената што треба да се плати за укинувањето на даночните пријави – коментира Рафајловски.

Со новите измени што ги најавува УЈП, практично се укинува „банкарската тајна“.

Засега Управата за проверка на некоја сметка испраќа барање до одредената банка и податоцитете ги добива како одговор од таму. Во иднина УЈП ќе може самата да упаѓа во секое време во сметките непречено.