На почетокот на обраќањето пред Комисијата за европски прашања, Иван Великов Петков, амбасадор на Република Бугарија во Македонија, денеска го згреши името на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Камерите го забележаа моментот кога Петков се заблагодарува на Осман Бујари, по што продолжи со презентирање на програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија во наредните шест месеци.