Откако Металург во саботата против Спортинг ја прекина серијата од три врзани порази, а тие беа и од СЕХА и од Лигата на шампионите, тимот од Автокоманда денеска има средба со Загреб. Таа е во Скопје, во Борис Трајковски, започнува во 20.45 и е добра можност за влегување во победничка серија, но во истовреме претставува и сложена задача зошто хрватскиот првак одново има добар состав, кој пред некое време беше засилен и со поранешниот бек-шутер на сините Жарко Марковиќ. Во Металург знаат што ги очекува, но го знаат и начинот на кој треба да се одигра за трет триумф во регионалната лига.

„Мораме подобро во нападот, каде што знаеме да покажеме деконцентрација иако со Спортинг имавме и застои во нападот“ вели Александар Јовиќ од Металург.

Освен мечот во Скопје меѓу Металург и Загреб денеска во СЕХА се играат и натпреварите: Брест-Нексе и Татран-Динамо Панчево.