300 украински ветерани ќе ја бранат Шпанија од Каталонците?

Поранешни учесници во украинските операциии против проруските сепаратисти во во Донбас формирале баталјон за заштита на територијалниот интегритет на Шпанија, пишува Спутник.
Нивниот видео-повик бил објавен на Фејсбук од таканаречениот Се-украински сојуз на ветераните на антитерористичките операции.
Сега кога на Шпанија и се заканува сепаратизам веруваме дека нашата света должност е да им помогнеме на „шпанските браќа”, се вели во соопштението.
Веќе бил формиран баталјон од 300 луѓе кои со оружје в рака се подготвени да одат во заштита на единствената Шпанија.
Парламентот на Каталонија гласаше за отцепување на регионот од Шпанија на референдумот на почетокот на овој месец.
Официјален Мадрид го смета референдумот за нелегитимен, а гласањето за прогласување независност во покраинскиот парламент на Каталонија во петокот беше тајно бидејќи според шпанскиот закон јавно гласање за независност е кривиќно дело и се смета за бунт за што е предвидена казна затвор до 35 години.