Со преброени 95,18 отсто гласачки ливчиња, Гордана Силјановска Давкова освоила 347.295 гласови на вчерашниот прв круг претседателски избори, покажувуваат бројките на веб-страницата на Државната изборна Коссмисија.

Досегашниот претседател Стево Пендаровски освоил 172.286 гласови, двојно помалу или попрецизно, двајцата продолжуваат во вториот круг со 175.000 гласови предност на кандидатката Силјановска.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски најави пресконференција со конечните резултати во текот на денешниот ден.

Тој синоќа оцени дека изборниот ден минал мирно, а граѓаните достоинствено гласале.

„Деведесет и девет отсто работите минаа како што треба“– рече претседателот на ДИК.