Џамбаски: Да нема граница меѓу Охрид и Црното море

„Нашата лична политичка задача ќе биде завршена кога ќе биде демонтирана границата на Деве Баир“, изјавил бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

Според него, најголем политички успех за Бугарија ќе биде меѓу Охрид и Црното Море да нема граница.

Во емисија за за Бугарското национално радио, Џамбазки оценува дека најдобро е за Бугарија, новото име на Македонија да биде Нова Македонија, а Грција ќе нема основа за претензии.

Според Џамбазки за Грција прашањето не е во името на Македонија: Тоа е нивна маска, нивната битка против Македонија, за да не се отвора прашањето за составот на населението во, како што го нарекуваме ние Бугарите, Беломорието.

Најдобро име за Бугарија е Нова Македонија, рекол уште Джамбазки и додал дека потпишувањето на Договорот за пријателство со Македонија „ја разнесе антибугарската теза на македонизмот – како антибугарска, пробелградска доктрина“, пренесуваат бугарски медиуми..