„Шлаканица за ДУИ“ – Димитриевски исклучува коалиција со партијата на Ахмети

Интегративците добија шлаканица од Максим Димитриевски. Претседателот на ЗНАМ исклучи можност да оди во коалиција со партијата на Али Ахмети.

„ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на коруција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и претставивме пред граѓаните“, рече Димитриевски.

На прашњето дали има јасно не за ВМРО ДПМНЕ како што има за СДСМ, Димитриевски одговори:

„Ние имаме јасно не за лидершипот на СДСМ, на ова актуелно раковдство. Во однос на ВМРО- ДПМНЕ, ќе видиме. Тоа ќе зависи од моментумот во кој се наоѓа Македонија. За нас како нов политички субјект на прво место е државата, граѓаните, а партијата е на споредно место“, порача Димитриевски во Тема на денот, на Сител.


На крајот од гостувањето Димитриевски ги повика граѓаните масовно да излезат на парламетнарните избори и да го дадат својот глас за да победи Македонија, да се формира едно стабилно мнозинство во идниот парламент, коешто ќе ја преземе одговорноста сега, Македонија да ја направи самоодржлива, функционална држава и држава во функција на своите граѓани, а не сателит држава којашто ќе ја раководи кој како ќе сака и на кој начин ќе сака.