Најмалку четири лица загинаа, а други, меѓу кои мајка и бебе, се избодени од маж вооружен со нож во голем трговски центар во Сиднеј.

Сведоците велат дека темнокосиот и брадест маж, облечен во горен дел „кенгурка“ со нож нападнал и бркал други луѓе пред да биде застрелан од полицијата, пишува Дејли Мејл.

Се верува дека четири лица се мртви, а осум други се итно пренесени во болница, вклучително и мајката и нејзиното бебе.