Цела Турција зборува за ремек-делото на Барди против Фенербахче (ВИДЕО)

Енис Барди е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во Турција и еден ден по дербито меѓу неговиот Трабзонспор и Фенербахче, на кое македонскиот репрезентативец стави печат со евроголот од слободен удар.

При негатива од 0:2 на домашниот тим, Барди, кој влезе во игра на почетокот од второто полувреме, во 63. минута предизвика ерупција од одушевување кај речиси 38 илјади гледачи на трибините на стадионот „Папара парк“ во Трабзон со феноменалниот удар во горниот лев агол, по кој голманот Доминик Ливаковиќ во очај го удираше дирекот.

За 28-годишниот играч за врска ова беше петти првенствен гол сезонава, втор едноподруго по тој против Карагумрук во претходното коло, а има и четири асистенции на досегашните 27 настапи во турската Суперлига.

Мајсторијата на Барди е по 4:10 минути од почетокот на видеото: