Фаризи: „Вреди“ пресметува како да ја поддржи Давкова на 8.5! – Не сум чул Мицкоски и другите од ВМРО ДПМНЕ да ги навредат Албанците!

„Албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ си прави свои пресметки како да ја поддржи Гордана Силјановска во вториот круг на претседателските избори на 8 мај. Јас не сум чул никаква изјава од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ниту од другите раководители на оваа партија, да ги навредуваат Албанците. ‘Вреди’ треба да направи добра анализа. Во минатото се покажа дека Албанец може да гласа за Македонец и обратно и јас верувам дека коалицијата ‘Вреди’ ќе пројави мудрост, за да просуди кого ќе поддржи како претседател на 8 мај.“ – изјави д-р Љуљзим Фаризи, политички аналитичар и раководител на невладината аналитичка организација „Институт за кризен менаџмент“ вчера во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија, во која беа анализирани првиот изборен круг и калкулациите за вториот круг.

Фаризи нагласи и дека „не е можна коалиција сите на една страна против ВМРО-ДПМНЕ“.

„Коалиција сите на една страна не е можна, бидејќи ги имаме Левица и ЗНАМ. Ги имаме СДСМ, ‘Вреди’ и Европскиот фронт. Вие мислите ако Ахмети влегува во таа шема со СДСМ ќе им го даде премиерското место? Тогаш тој ќе бара претседател на држава, премиерско место и од 15 министерства ќе им даде четири. Македонците ќе бидат задоволни од мнозинство во државата да станат малцинство во Владата? Тоа не е логично. Дури е и спротивно на Рамковниот договор, затоа што тој договор ги брани и Македонците и другите етнички заедници. Оваа логика ја води  СДСМ на 18 пратеници. Aко ја тераат оваа логика, на 8 мај ќе имаат десет отсто гласови.“ – изјави Љуљзим Фаризи.