Стевчо Јакимовски на 5-то место во неговата општина

Стевчо Јакимовски, еден од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата, не успеа да обезбеди победа ни во Општина Карпош.

За разлика од Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите и пласман на 5-то место.

Градоначалникот на Карпош кој беше претседателски кандидат на ГРОМ освои само 6 проценти или 2.143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаа повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3.089 гласа и Димитриевски со 3.974.

Тој вкупно освои само 8.013 гласови, што е помалку гласови од бројот на потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.