Повеќе видеа објавени на социјалните мрежи сведочат за моментот кога се случи масовно пукање во трговски центар и концертно место во руската престолнина.

Според прелиминарните извештаи на очевидци, маскирани напаѓачи отвориле оган од автоматски пушки и употребиле рачни бомби. Видео снимката покажува дека најмалку пет вооружени лица биле вмешани, јави Russia today

Na eдно од видеата се гледаат луѓе во преполна концертна сала – а некој извикува „затвори ја вратата“ веднаш пред да се слушнат истрели, а потоа почнува да вреска.

На друго се слушаат сними звуците на автоматско оружје.
Според РИА Новости, најмалку тројца напаѓачи отвориле оган внатре во местото и употребиле запалива бомба за да подметнат пожар.