Анкетите во најголем дел предвидуваат дека Гордана Силјановска-Давкова ќе води во првиот круг, а реизборот на Стево Пендаровски е „далеку од сигурен“, пренесува бугарски „Дневник“ 

Од бугарскиот медиум кој ги следи изборите оценуваат дека што и да се случи во вториот круг“, борбата ќе биде понеизвесна од онаа што ја доби Пендаровски пред пет години.

„Претходните избори беа судир меѓу тројца кандидати – на Пендаровски и на Силјановска-Давкова им се придружи и етничкиот албански интелектуалец Блерим Река. Но, тој беше кандидат на „Беса“ и на Алијансата на Албанците, кои и тогаш беа во опозиција; Демократската унија за интеграција (ДУИ) не постави кандидат, а најголем дел од гласовите на нејзините гласачи отидоа за Пендаровски“, пишува бугарски Дневник.

Се осврнуваат и на албанската опозиција, а и за можната коалиција на истата со ВМРО-ДПМНЕ, а и на можноста ДУИ да го поддржи Пендаровски во вториот круг.

„Сега коалицијата ВЛЕН (на македонски во превод „Вреди“ или „Заслужува“, како што албанскиот акроним на нивното движење има слично значење) упатува барања по претстојните парламентарни избори да може да работи со ВМРО-ДПМНЕ, партијата зад Силјановска. а помошта од ДУИ за Пендаровски може да дојде дури во вториот круг. Некои студии гледаат еднакви шанси, други – победа на Силјановска“, пишува бугарски „Дневник“.