Реал и Манчестер во македонскиот фудбалски храм (галерија)

Европскиот првак и освојувачот на Лига Европа по пристигнувањето во Скопје каде утре (20.45) ќе се соочат во УЕФА Супер куп дуелот ја искористија можност да тренираат и да се адаптираат на теренот на Телеком арената. Нам како домаќини ни е најважно што за сега немаат забелешки на организацијата и на потребните атрибути за одржување на вака голем настан како што е финалето на претходната или почетокот на новата клупска фудбалска сезона во Европа.

Еве дел од амбиентот на тренинзите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.