Повик „да не се гласа во името на Алах“ на постери поставени на автомобили во Чаир!

„Додека политиката упати повик да се гласа на изборите, други постапија поинаку. ‘Не гласај!’ – овој повик е напишан на постери, поставени на некои автомобили во Скопје. Ова е забележано кај основното училиште ‘Хасан Приштина’ во Чаир.“ – објави во својата видео-репортажа ТВ Клан Македонија.