Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Македонија станала дел од иницијативата Отворен Балкан откако беше охрабрена од меѓународната заедница да се приклучи кон неа.

Но, тој рече дека како министер на земја-членка на НАТО има дополнителни информации за нападот во Бањска на Косово и тие сознанија ќе ги изнесе пред Владата, по што на Владата останува да одлучи дали нашата земја ќе излезе од оваа иницијатива.

„Имав став по настаните што се случија на северот на Косово, дека доколку има директна вмешаност на Србија, ова може да оди против еден од столбовите – тој на помирувањето – и затоа реков (…) имам дополнителни информации и на затворената седница на Владата ќе ја информирам за случувањата и потоа Владата ќе треба да процени дали има совпаѓање во однесувањето на државите по овие два принципа , како што се меѓусебното почитување и економскиот развој“, нагласи Османи.