Нимиц го пофали Ахмети – постојано му давал добри совети

„Разменивме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение“, изјави денеска Метју Нимиц по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на интегративците му дал целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името, со надеж „ што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста“.

Инаку, Ахмети, во интервју за „Катимерини“ објавено денеска, вели дека “најдобар начин да се реши прашањето со името е моделот на добрососедски релации каков што потпишаа Скопје и Софија, изготвени од владата и ратификувани во парламентите.

„Во секој случај владата и опозицијата имаат историска одговорност да го решат проблемот и да ги водат нашите граѓани и нашата земја во иднина, во НАТО и во ЕУ“

На прашањето дали јавноста во Македонија би прифатила име на државата кое нема да го содржи тој термин, Ахмети одговори дека „зборот Македонија во името на нашата држава не претставува закана за територијалниот интегритет и суверенитет на Грција“, изјави Ахмети за „Катимерини“.