Нема трага од лицето што го застрела Мартин Јанушев

Веќе трет ден нема информации кое било лицето (или лицата) кое на 3 ноември стрелаше и со пет куршуми во главата и во вратот го уби 26 годишниот фудбалер Мартин Јанушев, пред скопското кафуле „Ред кафе“.
Во недостиг од информации до каде е истрагата и дали има осомничени, некои медиуми шпекулираа дека сторителот на убиството е наводно лице кое одлежува казна затвор, а дека убиството го направил во периодот кога наводно користел викенд(?!).
„Фокус“ денес објави дека од ВМРО ДПМНЕ поставиле прашање зошто се уште нема потерница со образложение дека сторителот во овој период можел да побегне , да обезбеди алиби или да се засолни било каде.
„Прашањето што се поставува во моментов е кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи? – прашал Александар Нацев од оваа партија.