лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кавадарци ги повика граѓаните на масовна излезност со цел да се демонтира хаосот што ја доведе Македонија до ниво на нефункционална држава во која ДУИ се предвори во „газда“ а народот има чувство дека „во сопствената земја стана киураџија“.

„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС.

Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.

Тој зборуваше и за две сценарија на кои деновиве се работи, а во суштина се работи завера против Македонија.

„Првото сценарио е – бојкот (на вториот круг претседателски избори н.з.).

Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ.

И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски според кој решението за сето ова е масовна излезност.