Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска во Белград и кај ФМП го имаат вториот натпревар во новата Јадранска лига која започна во петокот. На стартот Аеродромци остварија помалку неочекуван триумф против Партизан кој сега не става во позиција да очекуваме многу од нашиот првак во регионалниот натпревар. Во тој контекст ова гостување е можност за вистинска проверка на вредностите зошто мечот од 18 часот во салата во Железник е кај еден од опонентите со кои МЗТ Скопје, според првичните проценки, треба да се бори за место на средината од табелата. ФМП загуби на почетокот, но тоа беше дуел во Загреб, кај фаворитот Цедевита,  а и тој заврши со тесна завршница. МЗТ Скопје за денеска е засилен со младиот Бугарин Јордан Минчев кој дојде од Фенербахче и ќе ја пополни ротацијата во составот на Александар Тодоров. Другите 5 средби од оваа втора рунда во АБА се утре и в четврток.