Затворена амбасадата на САД во Белград

Анериканската амбасада во Белград денеска не работи. Според соопштението на амбасадата објавено на социјалните мрежи причините се лошото време кое ги зафати Србија, Белград и регионот.

Поради времето откажани се сите конзуларни активности и закажани интервјуа за визи и други услуги.


Сите што имаат закажано за денеска треба да закажат нови термини за интервјуа а барателите на виза ќе бидат контактирани за нови термини.

За американски граѓани со проблеми на “живот или смрт” (U.S. citizen with a life or death emergency) достапен е телефон на кој можат да ае јават.