Над 15.000, од 1.814.317 граѓани, веќе гласале, а во првите два часа во ДИК се примени 12 приговори.

Александар Даштевски од Државната изборна комисија(ДИК) соопшти дека “доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка“.

Се работи за лица кои не се пронајдени на списокот, а некои посериозни проблеми нема.

Наредната прес-конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.