ДИК со информации за излезноста до 13 часот

Државната изборна комисија соопшти дека одзивот на гласачите до 13 часот, на првиот круг од претседателските избори изнесува 24,92 отсто.

Најголем одзив е забележан во општината Новаци (42,87) отсто, а најмал во општината Врапчиште (10,18) проценти.

Гласањето се одвива мирно на сите гласачки места.

Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е дозволено гласање, 8 се отфрлени, а 9 се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овие избори ги надгледуваат 950 домашни и 540 меѓународни набљудувачи и 58 странски новинари. За денешните претседателски избори во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани.