Тоа што требаше да биде сторено многу одамна и тоа со акт кој забранува препродажба на билети за сите можени манифестации и заработка од нив, што не е редок случај кај нас, конечно се случи, па Собранието на Република Македонија едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик. Со нив се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8. август годинава во Скопје. Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.

Како што образложи еден од потписниците на предлогот, измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а и поради тоа што досега не било законски утврдено.

Казните за престапниците можат да бидат парични, но може да се случи и да се оди во затвор на година дена.